Дабар 2023 заврши! Ви благодариме на учеството, како и на вашата поддршка при организацијата на овој натпревар во нашата држава.

На овој натпревар, учествуваа точно 18370 ученици од Македонија, со што нашата држава е меѓу оние со процентуално поголем број учесници на овој популарен меѓународен натпревар. Натпреварот го поддржаа 179 училишта.

Доколку сте земале учество во натпреварот (како наставник или ученик), информации за вашиот сертификат (и постигнатите резултати) можете да најдете тука. Повеќе информации можете да добиете кај вашиот наставник.

 

   Информација! Натпреварот е завршен, а системот е ажуриран и дозволува создавање на сертификати за сите учесници на натпреварот, преглед на сопствените резултати (за учениците), и преглед на постигнувањата на сите ученици од училиштето (за наставниците).

 

Статистика

На натпреварот учествуваа 18370 ученици од Македонија, од голем број основни и средни училишта во државата. Во продолжение, дадени се подетални информации за реализацијата на натпреварот во нашата земја.

Основни училишта

Натпреварот се спроведе во 146 основни училишта во Македонија. На него можеа да учествуваат сите ученици од 1-во до 9-то одделение, користејќи ги компјутерите во нивните училишта.

Од десната страна е прикажан бројот на ученици по одделенија, поделени по пол (машки и женски).

* Листа на основни училишта кои учествуваа на натпреварот


 

Средни училишта

Натпреварот се спроведе во 33 средни училишта во Македонија. На него можеа да учествуваат сите ученици од 1-ва до 4-та година средно образование, користејќи ги компјутерите во нивните училишта.

* Листа на средни училишта кои учествуваа на натпреварот

 

 

Реализација на натпреварот


Дабар 2023 помина одлично, а учениците ги дискутираа задачите и по завршување на натпреварот.

наставник во основно училиште

Интересен настан, сигурно ќе учествуваме и наредната година доколку се организира повторно.

наставник во средно училиште

 


Други натпревари

Дополнително, Здружението на информатичарите на Македонија сака да ги информира сите ученици и наставници дека постојат и неколку други натпревари кои се организираат во Македонија, а преку кои можете да бидете избрани и да ја претставувате нашата држава на меѓународни настани, и да патувате на балкански и интернационални натпревари по информатика.

Повеќе информации можете да најдете на веб сајтот на ЗИМ: http://cs.org.mk/.

На веб-сајтот http://mendo.mk има и систем за учење и подготовка за натпревари по информатика, како и автоматско оценување на вашите решенија. На истиот, можете сами да започнете со учење и вежбање, во било кој период од денот. Овие натпревари се поврзани со програмирање, и системот има материјали за учење на основите на програмскиот јазик C++, алгоритми, структури на податоци; како и задачи од повеќе регионални, национални и меѓународни натпревари по информатика.